Нoви дојави за наводно поставени бомби добиле денеска повеќе скопски училишта. Ученците се евакуирани, а ќе бидат направени и антитерористички проверки.
Мејлови со закани за бомби поладневно добиле и основни и средни училишта.
Ова е трет ден по ред оваа седмица како во училиштата се прекинува наставата поради дојави за бомби. Вчера дојави имаше и во трговските центри, во МРТВ, како и во станбениот комплекс „Џевахир Сити“. По напревените проверки МВР информираше дека сите биле лажни.