На Трамп било пукано од зграда во која истовремено имало и полициски снајперисти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Локален полициски снајперски тим бил распореден во зградата од чиј покрив атентаторот, Томас Метју Крукс, пукал и го рани поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Пенсилванија, објави „Њујорк пост“, цитирајќи извори од органите на редот.

Зградата во Батлер, Пенсилванија, во која се наоѓа фабрика за пакување стакло и пластика, локалната полиција ја користела како „набљудувачки пункт“ за нивните снајперисти да внимаваат на заканите додека поранешниот претседател држел говор на само околу 110-120 метри, тврдат изворите.

Според нив, во моментот на пукањето полицајците биле внатре во зградата, но не на нејзиниот покрив.

Крукс успеал непречено да се искачи на зградата пред да пука осумпати, ранувајќи го Трамп во увото, убивајќи еден учесник на митингот и ранувајќи уште двајца.

Локалните медиуми објавија дека Крукс бил забележан во зградата околу половина час пред да отвори оган – при што еден од полицајците од округот Бивер дури и го фотографирал пред пукањето.

Извори за спроведување на законот рекоа дека не е јасно дали некој од локалните офицери – кои имаа задача да го обезбедуваат периметарот околу митингот – можеле да ги известат агентите на американската тајна служба за напаѓачот.

Весникот додава дека еден од полицајците се обидел да го пребара покривот неколку минути пред да започне пукањето, но се повлекол кога Крукс му вперил пушка.

Според портпаролот на американската тајна служба Ентони Гуглиеми, локалната полиција била задолжена за обезбедување на областа каде што се случило пукањето.

Според изворите, полицијата го проверила местото и просториите пред почетокот на митингот на Трамп, но нивните полицајци за време на настанот не се качиле на покривот од страв да не се мешаат во работата на снајперистите на американската тајна служба.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article