More

    На средбата со Ким снимен детал што ја разбранува јавноста

    spot_img

    На снимката од  денешна средба на Владимир Путин со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се гледа како тој постојано навидум неконтролирано ја грчи ногата. Овој детал не остана незабележан во јавноста и одново покрена лавина шпекулации за здравствената состојба на рускиот претседател.

    За време на повеќечасовниот самит со Ким Џонг Ун на космодромот Восточни на крајниот исток на земјата, 70-годишниот Путин прави чудни движења. Стискајќи ги прстите тој продолжи да ја движи левата нога додека зборуваше за разговорите со Ким.


    Неговото однесување ги поттикна глаасините за неговата здравствена состојба

    Минатата година се појавија неколку видеа на кои Путин цврсто ги фаќа масите или фотелјите, што доведе до сугестии дека можеби има рак во терминална фаза или Паркинсонова болест.

    Непроверените извештаи минатата година тврдеа дека рускиот претседател имал Паркинсонова болест во рана фаза, невролошка состојба која предизвикува неконтролирани движења, иако Кремљ ги негираше овие шпекулации.

     

    На неколку слики беше прикажан со отечено лице, наводно несакан ефект на стероидна терапија за рак на панкреасот. Путин на сличен начин не можеше да мирува и за време на средбата со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во ноември минатата година.

    Синдромот на немирни нозе, познат и како болест Вилис-Екбом, е чест кај луѓето со Паркинсонова болест – иако може да има и други причини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img