На социјалните мрежи се појави видео од нова масовна турканица во продавница на Лидл во Србија, причина тостерот за вафли по цена од 1.499 динари.
На страната на Инстаграм „Мој Белград“ се појави видео од Лидл, лоциран во Борча, а на кое може да се види како луѓето се собираат и грабаат од апаратите за колачи и вафли кои се на супер попуст. Тие скокаат еден на друг, викаат, има и пцости, а единствената цел е да дојдат до апаратот.
„Брука жива“, „Не можат да ги контролираат основните нагони“, се дел од коментарите на луѓето кои се згрозени од оваа сцена.
„Лидл-Борча…Прво човек би помислил дека даваат гратис паризер… Но тоа е апарат за вафли! Ако треба, има некој што ќе го брани Косово. Овие ми се чини дека се на тренинг, со полна сила“, се вели во друг коментар.