More

    На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во ЕУ

    spot_img

    Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и Австралија стапува на сила во понеделник, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

    Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава под 60 долари.

    Бидејќи клучните светски транспортни и осигурителни компании се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена, проценува Ројтерс.

    Но, Москва рече дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.

    Александар Новак, заменик-претседател на руската влада задолжен за енергетика, рече дека „работиме на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да ја дестабилизира маркетот.”

    Украина, пак, повика на цена од 30 долари за барел. Но, Западот стравува дека премногу ниската цена може да доведе до тоа Русија да ја повлече суровата нафта од пазарот, што ќе доведе до голем скок на цените.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина.

    Андриј Јермак, шефот на администрацијата на Зеленски, претходно рече дека границата треба да се постави на 30 долари „за побрзо да се уништи непријателската економија“.

    Зеленски се пожали дека светот покажал слабост поставувајќи ја границата на 60 долари, што според него ќе го зголеми буџетот на Русија за 100 милијарди долари годишно. „Овие пари ќе одат за дестабилизација на токму оние земји кои во моментов се обидуваат да избегнат сериозни одлуки“, рече тој.

    Ограничувањето ќе го разгледуваат ЕУ и Г7 на секои два месеци.

    Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

    Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време.

    За два месеци, на 5 февруари, стапува на сила ембаргото за нафтени деривати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img