На Шпанија ѝ недостигаат дури 123.000 сестри

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во држави од регионот, но и во некои европски земји имаголем  недостиг од медицински сестри. Тие на различен начин се справуваат со овој проблем, пишува Европската новинска редакција (ЕНР).

Во Бугарија недостигаат речиси 17.000 медицински сестри, во Хрватска бројката  4.000, додека во Шпанија 123.000 медицински сестри. Во Германија 20% од медицинскитесестри се странци.

Во Бугарија изминатите 30 години, бројот на медицински сестри се намалил речиси два пати. Според Националната статистика, во 1990 година имало над 53.000 медицински сестри, а во 2023 година нивниот број изнесувал 28.600.

Во Бугарија, просечната возраст на медицинските сестри била 49 години во 2024 година, според податоците од Здружението на здравствени работници во земјата.

– Околу 20% од бугарските здравствени работници се веќе на возраст за пензионирање, споредено со само четири отсто во другите земји членки на ЕУ – вели претседателката на Здружението, Петја Недкова.

За да се ограничи дефицитот со провоцирање на поголем интерес за професијата, бугарското Министерството за образование предлага медицинската нега да стане заштитена специјалност и ослободена од плаќање надомест. Од бугарското Министерството за здравство одобруваат специјалноста да биде заштитена и за бугарските медиуми појаснуваат дека преку проект за поттикнување на специјализацијата, лекарите, вклучително и медицинските сестри, можат да аплицираат за финансиска стимулација од околу 2.600 лева (1.329 eвра) месечно.

Во Хрватска, пак, недостигот на медицински сестри и техничари со години е проблем во нивниот здравствен систем. Само во болниците  треба да има околу 4.000 повеќе медицински сестри, а околу 200 од нив одат во странство секоја година, пренесуваат хрватските медиуми.

Податоците од анкета спроведена од Хрватската комора на медицински сестри се поразителни.

– Дваесет и осум проценти од медицинските сестри барале работа во странство во изминатата година, што значи дека би ја напуштиле Хрватска и би заминале во странство. Една третина од медицинските сестри дури одговориле во таа анкета дека повеќе не би сакале да бидат медицински сестри. Четиринаесет проценти од медицинските сестри се задоволни од своите финансиски приходи, што значи од својата плата. Осумдесет проценти од медицинските сестри се чувствуваат премногу уморни по работниот ден. Триесет и два проценти од медицинските сестри добиваат само заштитна опрема, односно униформи на своите работни места, од своите работодавци – вели Марио Газиќ, претседател на Хрватската комора на медицински сестри.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласува дека според најновите анализи спроведени од Министерството за здравство, само во болничкиот сектор недостигаат од 4.000 медицински сестри.

– И нормално е дека оние кои моментално се присутни на работното место мора да ја работат и работата за оние медицински сестри кои ги нема. Нормално е дека со текот на времето, нивната сила се исцрпува, и ментално и физички. Нормално е дека потоа тие се оптоварени и размислуваат да ги напуштат своите работни места и да работат во други професии, на други работни места – рече Газиќ.

Вишња Прањиќ, директорка на Училиштето за медицински сестри Виноградска, Загреб посочува дека нивни студенти во текот на три години ги посетуваат клиничките одделенија и гледаат колку работат медицинските сестри.

- Advertisement -
Ad image

– Така што тоа навистина не е прашање само за платата. Бидејќи ако одите на пракса секој ден, ги гледате истите медицински сестри секој ден. Младите луѓе не се глупави, тие можат многу добро да видат колку работи една медицинска сестра. Па, тоа е еден од условите, претпоставувам, зошто не секој одлучи да продолжи да работи во професијат-  рече Прањиќ.

Таа потенцира дека ситуацијата била сосема поинаква пред 10 до 15 години.

Одлив на здравствен кадар во други земји има и во Словенија, пренесува Европската новинска редакција (ЕНР).

Според податоци на словенечката Комора на медицински сестри, има недостиг од 20 до 25 % кога станува збор за медицински сестри на болничко и примарно ниво. Исто така нема доволно лекари, медицински персонал во домови за нега и фармацевти.

Во Шпанија, пак, 49.791 медицинска сестра се на возраст меѓу 55 и 64 години и се очекува да се пензионираат во следните десет години, според студијата спроведена од Шпанскиот институт за истражување на медицинска нега. Бројот на медицински сестри во Шпанија продолжува да заостанува зад Европа со стапка од 6,3 на 1.000 жители, што значи недостиг од близу 123.000 медицински сестри.

Директорот на италијанскиот Завод за статистика, Франческо Марија Кели, рече дека според проценките околу 77% од матичните лекари во земјата биле на возраст од 55 или повеќе години. Кели објасни дека „вработувањето и стареењето на здравствените работници претставуваат критични прашања за здравствениот сектор, посебно во контекст на идното зголемување на побарувачката за нега поради динамиката на населението“.

Германија, пак, е земја која има добивка од миграцијата на здравствените работници. Според официјалните статистика, околу 20 отсто од негувателите во болниците, домовите за старци и службите за домашна посета доаѓаат од странство.

Share This Article