На шеталиштето Вилсон во Сараево денеска во попладневните часови се случило пукање во кое едно лице е убиено.
Убиен е еден маж, чија смрт на самото место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, јавува Н1, пренесува Српскаинфо.
Напаѓачот е под полициска контрола. Известен е дежурниот обвинител на КТС, соопштија од МУП на КС.
– Имаме информации дека е употребено огнено оружје околу 16 часот и 50 минути – изјави за порталот Аваз, Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на Кантон Сараево.