Сопственикот на „Тесла“, на социјалните мрежи X, SpaceX и Neuralink, милијардерот и најголемиот финансиер на кампањата за вториот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, Илон Маск, по фотографијата со новоизбраниот американски претседател и со неговото семејство ги поттикна шпекулациите за односот на Маск и на Трамп, како и за неговата улога во новата администрација на САД.
Фотографијата на платформата X беше објавена од внуката на Доналд Трамп, 17-годишната Каи Трамп и е насловена како „Целиот тим“ . На неа се прикажани Трамп, неговите пет деца, пет внуци и Илон Маск. На фотографијата ја нема првата дама Меланија Трамп.
Маск стои до Лара Трамп, снаата на Доналд Трамп, а неговото присуство поттикна прашања за вмешаноста на мултимилијардерот во следната администрација.
Засега нема официјални изјави за улогата или намерите на Маск со новата администрација, но вклучувањето на милијардерот во толку висок профил на семејна фотографија сугерира дека неговото влијание би можело да се почувствува на неочекувани начини во наредните години, пишува Newsweek.