На редовниот лет на „Кроација Ерлајнс“ од Загреб за Стокхолм на 30 септември, куче го оштетило багажниот простор на Ербас А319, пишува „Avioradar.net“.
Kучето кое се превезувало во авионот било сместено во просторот за багаж, но случајно се пуштило од кафезот во кој било сместено. Екипажот слушнал бучава од кучето кое трчало во багажниот простор, па полетувањето било откажано, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион.
По увидот на штетата превозникот одлучил превентивно да го повлече авионот и да го испрати на технички преглед.
– Во тек е утврдување на деталите и околностите кои довеле до инцидентот со кучето во багажниот простор на авионот пред редовниот лет Загреб – Стокхолм на 30 септември годинава. Засега може да се потврди дека компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за превоз на кучето на летот OU486 Загреб – Стокхолм. Поради одредени оштетувања во багажниот простор на воздухопловот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се повлече од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од споменатиот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со наш заменет авион – соопштија од „Кроација Ерлајнс“.