На познатиот грчки остров Закинтос настанал општ хаос откако во водоводот е пронајдена нафта која ја загади целата вода за пиење

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На познатиот грчки остров Закинтос настанал општ хаос откако во водоводот е пронајдена нафта која ја загади целата вода за пиење.
Поради инцидент кој ги загрозува животите на жителите на островот, општина Закинтос бара да се прогласи вонредна состојба.

Како што беше најавено вчера, по налог на Министерството за здравство, водоснабдувањето на градот е прекинато до решавање на проблемот, а дотогаш граѓаните ќе добиваат вода на алтернативни начини, пишува Прототема.

– Проблемот настана поради несреќа што се случи на локален пат, па нафтата го најде патот до водоводот поради дождовницата. Бунарите беа искршени, врнеше цела ноќ – изјави градоначалникот на Закинтос, Јоргис Стасинопулос.

Тој истакна дека голем проблем е што во секоја куќа има „мали пластични резервоари, а тој материјал привлекува мирис на нафта“.

Но, од друга страна, регулаторното тело во Грција поднесе тужба против непознати лица за загадување на заедничкиот простор и оштетување на водоводната мрежа.

– Веруваме дека нафтата влегла во водоводна цевка која пукна, што доведе до проблем. Во моментов не можеме да го докажеме тоа, но ќе го истражиме случајот – рече претседателот на ДЕВАЗ, Дионисис Туркакис.

Share This Article