На портпаролката на Лавров ѝ била укината визата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Малта ѝ ја укинала визата на портпаролката Марија Захарова пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ, што се одржува во земјата.

Откажувањето ѝ било соопштено на руската делегација пред нејзините членови да се качат во авионот што требаше да ги однесе од Москва до Малта, се додава во соопштението.

„Ова е случај без преседан. Виза одобрена од малтешкото претседателство со ОБСЕ на портпаролката Захарова да биде повлечена пред настанот со причина која гласи „поради околности што се вон наша контрола“, соопшти руското МНР.

Министерството нагласува дека руската делегација на чело со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров на средбата ќе посвети посебно внимание на проблемот со неиздавањето визи за руските претставници на повеќе настани организирани од ОБСЕ.

Министерскиот совет на ОБСЕ се одржува денеска и утре на Малта.

Share This Article