More

    На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори

    spot_img

    На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори.

    Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

    „Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ„, е наведено во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

    За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодветна медицинска документација.

    На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

    Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img