Одрони утрово има на патот Делчево – Македонска Каменица кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри од Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец.
-Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејќи се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината – информираа од „Македонија Пат“.
Од Автомото сојузот информираат дека на останатите патишта сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.