На овие мејл-адреси можете да пријавите врсничко насилство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за образование и наука отвори две мејл-адрес, на кои младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство. Ова се тие две адреси:

prijavinasilstvo@mon.gov.mk

paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик.

Адресите се активни и по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

Министерството за образование и наука информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.

-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор – изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.

Share This Article