На натпреварот меѓу шведски Савехоф и Нексе од Хрватска во ракометната Европска лига за малку беше избегнат инцидент од поголеми размери, пренесува 24ракомет.мк
Домашниот тим славеше убедлива победа (34-28) по што следуваше нервозна реакција на ветарнот во дрeсот на Нексе, 39-годишниот црногорски ракометар Фахрудин Мелиќ. Изнервиран од поразот и од реакцијата на навивачите на Савехоф кои упатуваа пцовки „на балкански“ кон гостинските играчи, Мелиќ го прескокна рекламното пано и тргна да се пресмета со навивачите на трибините.
На тоа брзо реагираше обезбедувањето и другите играчи од Нексе кои успеаја да го задржат Мелиќ и спречија инцидент од поголеми размери.