На воодушевување на многубројните обожаватели, британската пејачка Адел (34) секој викенд има концерт во Лас Вегас, а еден нејзина обожавателка дошла на нејзиниот концерт за да го прослави разводот. Пејачката се расплакала кога ја слушнала нејзината причина.
Ребека Феинглос (33) неодамна се развела и го прослави тој настан така што со 14 пријателки отиде во Лас Вегас, а целата приказна ја сподели на својот профил на ТикТок.
– Си направив „тазе невенчана“ забава во Вегас со моите најблиски пријателки – и ја расплакавме Адел – напишала Ребека со видеото.
На концертот на Адел, таа држела парче хартија на кое пишувало: „Ми помогна да го пребродам разводот“, а ѝ објаснила на пејачката дека штотуку го слави разводот. Кога Адел ја забележала глетката, се расплакала на сцената.
– Го обожавам ова! Тоа што ги донесе пријателките ме трогна толку многу – извикнала Адел, а потоа на сите им дала еден совет.
– Држете се до вашите пријателки бидејќи тие се подобри од кој било маж или жена. Пријателите се со вас цел живот – изјавила пејачката.
Да потсетиме, Адел во 2019 година поднесе барање за развод од претприемачот Сајмон Конецки (48), по една година брак. Тие се заедно од 2011 година и го имаат синот Ангел (10).
Адел јавно проговори за болното искуство од разводот и откри како во тој период се дружела со актерките Џенифер Лоренс (32) и Никол Ричи (41), кои ѝ помагале во текот на целиот процес.
ФОТО: ТикТок