More

    На Карло Анчелоти ќе му се суди за затајување данок

    spot_img

    Тренерот на Реал Мадрид 64-годишниот Италијанец Карло Анчелоти ќе мора да се брани пред шпанскиот суд затоа што не пријавил приход од продажбата на правата за користење на неговиот имиџ во 2014 година, беше објавено во средата.

    На француската агенција АФП и беше претставен документ во кој Анчелоти ги „признава“ околностите кои довеле до неплатен данок во износ од 386.361 евра.

    „Очигледно е дека има доволно индиции да се заклучи дека фактите кои се предмет на истрагата може да доведат до повреда на штета на Државната каса“, објаснува во споменатиот документ мадридскиот судија задолжен за истрагата.

    Италијанецот ги пријавил приходите од договорот за функцијата главен тренер на Реал Мадрид до шпанските даночни власти, но не навел други приходи, соопшти даночната служба.

    Судот ја отфрли жалбата на даночниот управник за непријавен приход на Анчелоти во 2015 година, бидејќи италијанскиот тренер тогаш беше даночен обврзник во ОК.

    Анчелоти во првиот мандат беше на клупата на Реал од 2013 до 2015 година, а во Мадрид се врати во 2021. Актуелниот договор му истекува во јуни следната година, кога би требало да може да го преземе раководството на бразилската репрезентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img