На граничните премини утрово нема големи застои. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На граничните премини утрово нема големи застои. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути. Исто толку се чека и на преминот Богородица, соопшти Авто мото сојузот.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Share This Article