Големите луѓе заминуаат на големи световни денови,Охрид остана без уште една своја урбана легенда,кој за време на својот земен живот остави неизбришива трага во историјата на Охрид,почина Симон Ѓурче.
Симеон или како охриѓани си го викаа Симон Ѓурче,почина денес на ден Свети Климет на 82 година.Ѓурчев охриѓани ќе го паметат како човек, влубеник во спротовите на вода,боем и истакнат стопанственик,но и човек кој каде и да одеше низ светот со гордост на сите им раскажуваше за увавините на својт Охрид и својата Македонија.
За заслугите на Симон Ѓурче како спортист и спортски работник , за него ќе пишува во својата книга охриѓанецот Здравко Тупаре „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро“.каде во еден дел на книгата ќе наведе:
„Не можевме од овде тогаш да носиме чамци на Блед, Палиќ или во Белград. Ни позајмуваа другите клубови, а кога ти позајмуваат се знае, тоа се постари чамци, потешки, на кои не бевме навикнати, но и со такви победувавме. Најдобри резултати имаа веслачите на векот во Охрид, Симон Ѓурчев и Јулијана Николиќ Иваноска..“.
Редакцијата Охридскај изразува искрено сочуство до фамилијата Ѓурчеви, а за нашиот веќен пријател Симон го молиме господа ,да го смести онаму каде почиваат праведниците и искрените пријатели.
Редакција Охридскај