More

    На Германија очајно ѝ требаат работници

    spot_img

    Помеѓу јули 2021 година и јули 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасувале повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места, јавува Дојче веле.

    Најмногу проблеми со вработувањето стручен кадар во изминатите 12 месеци имало во секторот социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионална работна сила која недостига, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади луѓе, децата и во домовите за стари лица или во советувалиштата за зависници. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за да се реши социјален проблем“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

    Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат воспитувачи од предучилишна возраст – 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна бројка во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а во здравствениот сектор, односно згрижување пациенти потребни се уште 16.839 работници.

    Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечно стари и со оглед на недостигот од помлади луѓе“.

    Претседателот на здружението на работодавачи од металопреработувачката индустрија Стефан Волф се залага за донесување нов закон за имиграција поради недостигот на квалификувана работна сила.

    – Потребен ни е вешт закон за имиграција каков што има Канада. На имигрантите мора да им се гарантира долгорочно право да останат во Германија“, изјави тој.

    Во Канада, вели Волф, решиле бројни проблеми со усвојувањето на законот за имиграција. А во Германија, законот за имиграција на квалификувана работна сила содржи бројни компликации и пречки, се жали: „На оние што доаѓаат кај нас им треба осигурување и доживотна сигурност. Предуслов за тоа мора да бидат квалификации и познавање на јазикот“.

    Сегашниот германски закон за имиграција на квалификувана работна сила стапи на сила на 1 март 2020 година. Целта е да се олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од трети земји. Како што покажа неодамнешното истражување спроведено од Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК), 56% од компаниите во Германија сметаат дека недостигот на квалификувана работна сила е ризик за нивниот сопствен бизнис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img