Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини денеска на платформата Икс објави дека поголем број деца загинале во војната во Појасот Газа во споредба со бројот на детски жртви во конфликтите низ светот во изминатите четири години.
„Запрепастувачки. Бројот на пријавени деца убиени за нешто повеќе од четири месеци во Газа е поголем од вкупниот број на деца убиени во четиригодишните војни ширум светот“, истакна Лазарини.
Тој на Икс објави и табела со бројот на загинати деца во Појасот Газа и низ светот, повикувајќи се на податоци на Обединети нации и Министерството за здравство во Газа.