More

    На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба

    spot_img

    На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба.

    На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна Гора по налог на претседателот на парламентот и лидерот на просрпската десница, Андрија Мандиќ.

    – Со други зборови, суспензија на изборните процеси и блокирање на политичкиот систем, имајќи предвид дека најавеното пензионирањето на судиите на Уставниот суд е кршење на законот и Уставот – изјави Андрија Николиќ, шеф на пратеничката група на ДПС.

     

     

    Претседателката на Уставната комисија Јелена Божовиќ изјави дека, врз основа на одговорот на претседателката на Уставниот суд и податоците што ги доставила, тројца судии ги исполнуваат условите за пензија.

    – Со тоа, нивната функција престанува врз основа на Уставот – рече Божовиќ на седницата на Уставната комисија.

    Пратеничката на ДПС и членка на Одборот, Александра Вуковиќ Куч, истакна дека претседателката на Уставниот суд не е самата институција и порача дека нема да дозволи да се реализираат намерите што ги имаат.

    Претходно, претседателот на Здружението на правници на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ, предупреди дека, доколку Уставната комисија „експресно“ ги пензионира тројцата судии на Уставниот суд, може да дојде до блокада во функционирањето на политичкиот систем.

    Според него, тоа би го оневозможило одржувањето на локалните избори во Никшиќ, како и евентуално повторените избори во Подгорица или Будва.

    – Сето ова може да биде предупредување дека не станува збор само за различно толкување на Законот за работни односи или Законот за пензиско и инвалидско осигурување, туку за ‘агенда’ што би можела да ја воведе Црна Гора во своевидна вонредна состојба – изјави Радуловиќ.

    И покрај инцидентот со активирање димна бомба, седницата продолжи, а беа усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд кои ги избира Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img