More

    На денешен ден пред 39 години во Сараево беа отворени 14. Зимски олимписки игри

    spot_img

    На денешен ден, пред 39 години, во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево беа отворени 14. Зимски олимписки игри.

    Сараево беше центар на светот до 14 февруари 1984 година, а во организацијата на Олимпијадата учествуваше цела поранешна Југославија.

    Во изградбата на зградите биле вклучени компании од Босна и Херцеговина, како и од цела Југославија. Во исто време, секоја од РТВ компаниите од републиките на поранешна Југославија, од Љубљана, до Приштина и Скопје, имаа по една арена што ја покриваа.

    Во тоа време Сараево доживеа развој во сите сфери и се создаде позитивна социјална клима.

    Она по што ќе останат запаметени Олимписките игри во Сараево е снегот што падна ноќта пред свеченото отворање. Учениците од Првата и Втората гимназија со раце го отстранија снегот од столчињата на стадионот Кошево, за отворањето да се одвива без проблеми.

    Зимските олимписки игри во Сараево чинеа вкупно 141.647.000 долари, а завршија со вишок од 12.000.000 долари и беа првите Олимписки игри кои завршија со вишок. Сите претходни имаа долгови и многу градови имаа потешкотии да ги покријат трошоците.

    Игрите во Сараево беа, во многу аспекти, рекордни во тоа време. Тоа беа првите игри каде што немаше бојкот на Северноатлантскиот или Варшавскиот пакт, тие беа рекорден број земји-учеснички.

    Ги гледаа околу две и пол милијарди гледачи во светот, имаше 49 репрезентации, доделени се 222 медали, учествуваа 2.691 спортист и тренер, продадени се 640.000 влезници, а ги следеа 7.825 новинари и 760 редакции.

    Најуспешни земји тогаш беа Источна Германија (девет златни, девет сребрени и шест бронзени медали) и СССР (шест златни, десет сребрени и девет бронзени медали).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img