На чекор сме до зголемување од 2.806 денари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговорите за усогласување на платите во јавниот сектор значат системско и солидарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) откако денеска започнаа преговорите со Владата за изготвување нов општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор.
„ССМ како најголем и во моментов единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор на национално ниво заедно со Владата како социјален партнер ги започна преговорите кои ср очекува да завршат набрзо. ССМ има предлог на линеарно покачување од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор и предлог да го вратиме правото кое е изгубено со потпишување на ОКД за јавниот сектор во 2008 година, а тоа е правото на исплата на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Стариот ОКД за јавниот сектор е потпишан во 2008 година, но време е да се подготви нов поради неколку причини: Усогласување на платите во јавниот сектор, со минималната плата, што ќе биде солидарен пристап за сите вработени. Конечно враќање на исплатата на К-15 во јавниот сектор во износ од најмалку 30% до 100%. Утврдување на методологија за пресметка на плати. Договорено е новиот ОКД да биде целосно усогласен со новиот ЗРО кој е во подготовка. Предложеното од ССМ линиеарно покачување во износ од 2.806 денари, за сите вработени во јавниот сектор е покачување кое државата и економија можат во моментов да го издржат, секако имајќи ја предвид целокупната ситуација, а без притоа да се предизвика допонителна инфлација. Охрабрува тоа што Владата има слух за сите барања, а се разгледуваат сите форми кои ќе бидат разумни за сите и нема да одат на штета на никого“, се вели во соопштението.
Таму е наведено и дека ССМ нема да дозволи политичка манипулација на грбот на работниците, пред сѐ во образованието и укажува дека новиот ОКД за јавен сектор ќе овозможи сите страни и да се вратат назад во регуларно работење, да ги добијат заслужените плати како и сите вработени во јавниот сектор да ја добијат потребната сигурност и заштита.

Share This Article