На Балканот има 20 ќелии со 500 Џихадисти, ги има и во Македонија!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На територијата на Балканот во моментов дејствуваат 20 џихадистички ќелии , а целта им се терористички напади низ Европа, предупредуваат италијанските разузнавачки служби, а пренесува весникот „Ил Темпо“.

Повеќето од овие групи се на територијата на Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, но постојат и во Црна Гора, Србија и во Македонија. Тие претставуваат, како што се тврди, „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа.

Според италијанскиот весник „Ил Темпо“, овие ќелии постојат околу две години, но во последно време, особено од почетокот на војната во Израел, се забележува нивна нешто поголема активност.

Овие ќелии се состојат од околу 500 повратници од ИСИС, од боиштата во Сирија и Ирак, но постојано се регрутираат нови, дури и меѓу мигрантите кои ја минуваат балканската рута кон Западна Европа.

Меѓу нив се издвојуваат таканаречените „балкански лавови“, мрежа чија задача е да ги зајакне „периферните зглобови“ на движењето и да иницира нови терористички акции во Европа-пишува „Ил Темпо“.

– Во моментот на откривањето на овие ќелии имало над 1.000 борци кои за време на војната во Сирија го напуштиле Балканот за да се приклучат на редовите на Исламската држава. Проблемот е што нешто помалку од половина од нив се вратиле. Сега тие се можни вектори на ризик за европската и националната безбедност, особено ако се има предвид стекнатото воено искуство и понекогаш силните врски воспоставени со дијаспората во Европа – ги пренесуваат италијанските медиуми наодите на разузнавачките служби на нивната земја.

Share This Article