More

    На актерката Оливија Ман (43) ѝ бил дијагностициран рак на дојка

    spot_img

    На актерката Оливија Ман (43) ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

    Тоа го објави денеска преку Инстаграм, кога соопшти дека во април 2023 година ѝ бил дијагностициран рак на дојка, поради што била подложена на двојна мастектомија и оттогаш се бори.

    „Биопсијата покажа дека имам луминален Б рак на двете дојки. Тоа е агресивен вид на рак кој брзо напредува. Триесет дена по биопсијата бев подложена на двојна

    – Во февруари 2023 година направив тест со кој се проверуваат 90 гени за рак, сите беа негативни. Негативна беше и сестра ми Сара. Си се јавивме и се бодревме по телефон. Истата зима имав негативна мамографија. Два месеци подоцна ми беше дијагностициран рак на дојка – изјавила актерката која се бори за своето здравје.

    – Во изминативе 10 месеце имав четири операции, толку дена поминати во кревет што не ни можев да ги избројам и научив повеќе за ракот, лекувањето на ракот и хормоните, отколку што некогаш сум можела да замислам – напишала Оливија во својата емотивна објава посветена на нејзината здравствена состојба и продолжила:

    – Изненадувачки, плачев само двапати. Претпоставувам дека не се чувствував дека има време за плачење. Мојот фокус се стесни и ги исфрлив сите емоции за кои чувствував дека ќе ја попречат мојата способност да останам со бистра глава. Сакав да им дозволам на луѓето да ме видат дека имам енергија, кога можам да се облечам и да излезам од дома, кога можам да го однесам своето дете во парк. Ги задржав во тајноста дијагнозата и грижата и закрепнувањето и лековите против болки. Морав да дојдам до здив и да поминам низ некои од најтешките делови пред да ги споделам деталите за својот здравствен проблем – додала актерката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img