На 82 години почина Јанис Бутарис, поранешен градоначалник на Солун по потекло од Крушево кој се залагаше за нормализирање на односите помеѓу Македонија и Грција.
Веста за неговата смрт ја потврди компанијата за производство на вино „Кир-Јани“, што Бутарис ја основа и водеше со неговите двајца синови.
Во земјава дојде неколку пати, а имаше средби и со македонски политичари и вистински работеше на зближување на двете земји, за што добиваше и критики во Грција.
Тој е син на винарот Стелиос Бутарис и фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.
Роден на 13. јуни 1942 година во Солун
Беше бизнисмен, политичар, енолог.
Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работеше во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 година ја формираше сопствената винарија „Кир-Јани“.