More

    На 59-годишна возраст почина ирскиот актер Реј Стивенсон

    spot_img

    Ирскиот актер Реј Стивенсон почина на 59-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

    На Стивенсон му се слошило на снимање во Италија и починал на сетот во Италија на 59-годишна возраст, пишува „Ла Република“.

    Стивенсон се чувствувал лошо на островот Искија во саботата и бил примен во болница. Во понеделникот неговата здравствена состојба се влошила.

    Стивенсон постигна одлична кариера во Холивуд, глумеше во бројни успешни филмови, па дури и блокбастери како што се „Тор“, „Кралот Артур“, „Декстер“, а штотуку го заврши снимањето на „Ашока“, новата серија на „Дизни“ од светот на „Војна на ѕвездите“.

    Стивенсон ја започна својата кариера појавувајќи се во ТВ-емисии во деведесеттите, а потоа во раните 2000-ти почна да добива акциони улоги во холивудските филмови. Неговата прва голема филмска улога беше во авантуристичкиот филм на Антоан Фуква од 2004 година, „Кралот Артур“, во кој тој го играше Дагонет, еден од витезите на Тркалезната маса.

    Во 2008 година, Стивенсон ја доби главната улога во филмот на „Марвел“ „Punisher: War Zone“, во која го играше главниот протагонист, платеникот Френк Касл. Подоцна, тој имаше забележителна улога во филмот „Тројца мускетари“, глумеше и во блокбастерот на Марвел за Тор, а еден од најдобрите филмови во кој имаше главна улога е секако многу успешниот и признат крими трилер „Убиј го Ирецот“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img