Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски-Палчо за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела ‘грабнување’ и ‘убиство’ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, наведено е во објавата на МВР.