На 25.02.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2024 во 10.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2024 во 20.10 часот на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода М.З.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.02.2024 во 21.35 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2024 во 17.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(24) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2024 во 21.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Џ.К.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (25.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 355 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 197 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за возење под дејство на алкохол…
Во текот на вчерашниот ден (25.02.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 25.02.2024 во 23.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Ј.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.02.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(22) од Република Чешка, со престој во Скопје, пријавил дека во с.Бардовци, скопско, бил каснат од куче скитник.
На 25.02.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, Т.Н.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.