More

    МВР – Извадок од дневните настани 23.10.2024

    spot_img

    На 22.10.2024 во 15.20 часот од страна на  полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Исто така, на  22.10.2024, во  времето  од 10.30 до  11.30 часот  од  страна на полициски  службеници од  ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а  по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од  с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

     На 22.10.2024 во 23.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Ј.Б.(33) од Прилеп, која била барана со судска наредба од Основен суд Прилеп, за издржување на казна затвор во Казнено поправната установа Идризово – Скопје во траење од седум месеци.

     Денеска (23.10.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(28) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 22.10.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(40) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 22.10.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.П.(40) и А.С.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 22.10.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(22) од с.Липково, кумановско, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 22.10.2024 во 16.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека н магистралниот пат Кичево- Гостивар  додека Н.Л.(41) од Кичево управувал мотоцикл „јамаха“, сопатничката А.Н.(40) од Кичево паднала од мотоциклот на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

                                                                      На 22.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, И.А.Д.(31) од Скопје пријавила дека во населбата Кучевишка бара, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 22.10.2024 во 18.20 часот во Полициската станица Чаир, В.Д.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје била касната од куче скитник.

     На 22.10.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.Н.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.

     На 22.10.2024 околу 15 часот во СВР Штип, било пријавено дека во Казнено поправната установа Штип, од страна на вработените во КПУ Штип, во полуотвореното одделение, биле затекнати осудените лица А.А.(32) и О.И.(31) како користат прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

     На 22.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога. Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img