More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 13.08.2024

    spot_img

    На 12.08.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Х.М.(47) и З.Б.(43), двајцата од Велес. При претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (13.08.2024) во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.Н.(23) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (13.08.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 12.08.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (13.08.2024) во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.Ј.(18) од с.Градец, виничко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 12.08.2024 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

    На 12.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.К.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 12.08.2024 околу 11.45 часот во Полициската станица Драчево, М.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 12.08.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Кисела вода, М.С.(39) од Скопје пријавила дека на автопатот „Пријателство“ во близина на Велес била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img