More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 11.09.2024

    spot_img

    На 10.09.2024 во 16.45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

    На 11.09.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.Љ.(46) од с.Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик. И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

    Денеска (11.09.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(30) од Египет, со живеалиште во Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (11.09.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(24) од с.Петровец, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 14.05 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Х.(35) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени грутчеста материја, таблети, нож и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 22.30 часот во тетовски Лешок, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода З.Ф.(29) од тетовско Шемшово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 22.00 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(34) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 22.50 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Д.М.(19) од Штип. При контрола на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.09.2024 во 16.45 часот на улицата „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле А.Ј.(20) од Охрид затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.09.2024 во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот М.Б.(50) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 10.09.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во с.Трновац, кратовско, патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки, управувано од Х.С.(23) од Виница, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.С.(40) од Виница, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.

    На 10.09.2024 околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.

    На 10.09.2024 во 18.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Минчев“ и улица „Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци, Ќ.Р.(52) од с.Марена, кавадаречко, управувајќи мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

    На 09.09.2024 во 22.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(21) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(30) од с.Белче, демирхисарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „хјундаи“, М.Г.(21) од с.Брусник, битолско и возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

    На 10.09.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 10.09.2024 во 19.25 часот во Полициската станица Гази Баба, К.К.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, таа и В.М.(42) биле каснати од куче скитник.

    На 10.09.2024 во 09.50 часот во Полициското одделение Мирковци, Х.С.(40) од с.Кучевиште, скопско, пријавила дека во селото била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img