More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 03.08.2023        

    spot_img

    На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во с.Долно Дупени, ресенско, ги лишиле од слобода  Х.Љ.(36), Д.С.(41), Ј.Н.(28), сите од Битола и А.А.(35), И.Т.(47), Б.С.(37), сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.

    На 03.08.2023 во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц.(19) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21.30 часот во Струмица со закани од А.А.(54) одзел пари. К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.08.2023 во 10.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, бил лишен од слобода Ц.Х.(31) од Р.Албанија, поради тоа што при извршена проверка било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, на барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. 

    На 03.08.2023 во  02.20  часот на  Граничниот премин Табановце, на излез од државата, при извршена контрола на М.Е.(38) од Р.Грција, кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со холандски национални ознаки, било констатирано дека возилото е предмет на потрага од Интерпол-Холандија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    На 02.08.2023 полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле  од слобода А.Л.(26) и Ј.А.(23) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.08.2023 во 22.25 часот, на улицата  „Цар Самоил“ во Охрид, од полициски службеници од СВР Охрид приведен е Б.Б.(45) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.08.2023 година во 21.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го привеле Б.Р. (24) од Струмица, по наредба издадена од страна на Основен суд Струмица со која се барал за издржување на затворска казна, поради сторени кривични дела „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Затвор Струмица.

    На 02.08.2023 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место. За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 56 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол…

    На 02/03.08.2023 година во периодот од 18.00 до 07.00 часот од страна на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен преземени се засилени мерки во сообраќајот односно спроведена е засилена контрола на возачи кои управуваат со возила под дејство на алкохол и притоа констатирани се вкупно 17 прекршоци сторени од возачи кои управуваат под дејство на алкохол, а воедно преземени се и 10 мерки по останати прекршоци.

    На 02.08.2023 во 15.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неготино кој води за автопатот, патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокос, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

    На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар. Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

      На 02.08.2023 во 11.30 часот било пријавено дека во Крушево, на паркинг на место викано „Црни врв“, патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Ј.А.(60) од Прилеп, удрило во малолетник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

     На 02.08.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Б.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

    На 02.08.2023 во 21.05 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на место викано „Дарда“, над с.Тајмиште, Ј.Ш.(32) од с.Колари, управувајќи четирицикл паднал. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

    На 02.08.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.А.(54) од Скопје пријавила дека на ул.„Шарпланинска“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img