More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 29 март, 2023

    spot_img

    Денеска (29.03.2023) полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола на ул. „Панде Илковски“ во Битола го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Битола. При преглед кај него биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

     На 29.03.2023 во 00.20 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Ноќеска (29.03.2023) околу 02.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М.. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба од товарно моторно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано во тетовско Пршовце. И.М. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 28.03.2023 во СВР Битола, С.Н.(42) од с.Кукуречани, битолско, пријави дека во нива во атарот на с.Могила пронашол артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.

     Во текот на вчерашниот ден (28.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 102 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас…

    На 28.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 10 во населено место. Санкционирани биле и 58 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило, 19 за некористење сигурносен појас, 12 за прекршоци сторени од пешаци, 16 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

     СВР Тетово на 28.03.2023 од 10.00 до 16.00 часот спроведе сообраќајнo контролнa активност, во чие средиште беше користењето на сигурносни појасни и на мобилни телефони. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-7 и ГВ-7) кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси. Покрај ова, санкционирани се и 12 возачи (ТЕ) кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 2 возачи (ТЕ) кои не поседувале возачки дозволи. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за некористење на појас изнесуваат 40 евра за возач и 50 евра во денарска противвредност за сопатник, а 40 евра, исто така, е и глобата за зборување на мобилен телефон при возење.

    На 29.03.2023 во 00.44 часот во СВР Скопје од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека на ул.„Жданец“ настанал пожар во барака, при што опожарен бил предниот дел од бараката, дел од фасадата и градежен шут во нејзина близина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

     На 28.03.2023 во 17.25 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Н.Т.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

     На 28.03.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(50) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 28.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Л.Ј.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img