Денеска (23.02.2023) во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (23.02.2023) во 08.15 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 22.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.М.(23), С.М.(26), М.Ј.(31), Ф.М(44) и Ѓ.М.(34), сите од Битола. Тие се сомничат дека во периодот од 19.02. до 22.02.2023 извршиле три тешки кражби, од кои две во хидроцентралата Сапунчица во с.Дихово, битолско, и една во објект на Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, во кругот на старата касарна во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (23.02.2023) во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(34) од Прилеп. Тој бил фатен при извршување тешка кражба во подрумски простории во куќа на ул.„Рајко Жинзифов” во Прилеп и кај него биле пронајдени одземените предмети, како и предмети со кои го извршил делото. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.02.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.02.2023 во 13.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.02.2023 во 23.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(32) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.02.2023 во 23.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.02.2023 во 20.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.02.2023 околу 22.15 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Р.Н., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот на Р.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (22.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 313 возачи. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 211 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 306 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 154 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непочитување на првенство на минување. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас…
На 22.02.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 8 во населено место и 8 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 2 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 3 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за непрописно престигнување, 2 за недавање првенство на пешаци и 1 за непрописно паркирање.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (22.02.2023) од 09.00 до 15.00 часот спровеле две сообраќајно-контролни активности за првенство на минување и за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и санкционирани 16 возачи (ТЕ-11 и ГВ-5) кои непочитувале првенство на минување на пат означен со соодветен сообраќаен знак за првенство, како и 10 други видови прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-2). Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 2 возачи (ГВ) кои управувале возила со неизвршен технички преглед и 1 (ТЕ) за друг вид прекршок. На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
На 22.02.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ф.С.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.
На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, излетал од коловозот. Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
На 22.02.2023 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.П.Г.(35) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир маало била касната од куче скитник.
На 22.02.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(38) од с.Глумово, скопско, удрило во З.Б.(53) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.02.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.К.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.