More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 22.05. 2023

    spot_img

    На 21.05.2023 во 12.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Табановце ги лишиле од слобода Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети. Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.

    На 22.05.2023 во 00.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници лишиле од слобода малолетничка од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 20/21.05.2023 во периодот од 22.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“- Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро реализираа патролни активности согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 20 мeтри од брегот на езерото, на потегот помеѓу селото Трпејца и Св.Наум, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи со должина од по околу 50 метри, со улов од околу 13 килограми риба.

    Денеска (22.05.2023) во 07.30 часот на планината Плачковица, во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-Road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип. На 21.05.2023, заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19.00 часот се издвоиле од групата кон с.Зрновци, по што биле недостапни. Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и се вратени.

    Во текот на вчерашниот ден (21.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 464 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 186 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

    Вчера (21.05.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 84 возачи. Од вкупно 84 возачи, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    Вчера (21.05.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која биле изречени вкупно 80 мерки (ТЕ-49 и ГВ-31). 61 од мерките (ТЕ-30 и ГВ-31) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест пречекорувања (ТЕ-4 и ГВ-2) биле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, 14 пречекорувања (ТЕ-7 и ГВ-7) од 50 до 70 километри на час над дозволеното, и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 19 (ТЕ) пречекорувања во населено место, како и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, а пребрзите и со мерка – времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

    На 21.05.2023 вo 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено меган“, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

    На 21.05.2023 во 15.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Лазо Стоименов“, И.С.(32) од Кочани, управувајќи мотоцикл „кимко“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата, И.С. бил пренесен во Општа болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.

    На 21.05.2023 во 21,20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“, управувано од Б.Б.(68) од с.Џепчиште, мотоцикл, управуван 17- годишник од Тетово и патничко возило „фиат“, управувано од Н.Н.(74) од с.Џепчиште, трите со тетовски регистарски ознаки. По несреќата возачот на моторциклот и неговиот сопатник А.М.(21) од с.Џепчиште биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.

    На 21.05.2023 во 13.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img