МВР – Извадок на дел од дневните настани 22.03. 2023

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 21.03.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.03.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2023 околу 22.15 часот  во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот П.С. од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.О.(27) од  Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.П.(40) од Прилеп .затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.03.2023 во 09.30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(49) од Република Србија затоа што при извршена проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листа и се барал по телеграма од СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 102 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

На 21.03.2023 во 16.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат „Битола-Кичево“, кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(33) од с.Белче, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката Ј.Г.(25) од с.Белче, демирхисарско, додека малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола., а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција.

- Advertisement -
Ad image

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 32 прекршоци, од кои 20 поради неисправен уред за запирање… Упатени на вонреден технички преглед се 179 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.

На 21.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 9 прекршоци, од кои 7 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 8 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохоли и 1 за некористење сигурносен појас.

- Advertisement -
Ad image

На 21.03.2023 во периодот од 07.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле 4 технички неисправни возила ( ТЕ-2 и ГВ-2). Две од нив (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) било со неизвршен технички преглед и 1 (ТЕ) не ја поседувало потребната опрема. Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци. Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-2).

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 21.03.2022 во СВР Битола, Ј.И.(70) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговиот малолетен внук бил каснат од куче скитник.

На 21.03.2023 во Полициската станица Велес, Г.Н.(74) од Велес пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article