МВР – Извадок на дел од дневните настани 21 Март, 2023

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела „тешка кражба“ извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при  Клиничката болница Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, додека три на почетокот на март годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.М.(34) и СС.(26) двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (20.03.2023) околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново. Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок.
Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.

На 20.03.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Х.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 20.03.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 20.03.2023 на ул„Николче Ѓеорѓиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода Џ.А.(31)  и  М.К.(28), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 20.03.2023 во 12.15 часот во хотел на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Романија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 130 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно престројување, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, три санкции за користење мобилен телефон за време на возење…

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2023), во периодот од 08.00 до 14.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 35 возачи. Од нив, 21 санкциja за возење без возачка дозвола, четири мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило), пет санкции за возач почетник… Во однос на возилата, кај 17 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, три поради измината важност на сообраќајната дозвола… Упатени на вонреден технички преглед биле 32 возила. За време на контролата санкционирани се и 99 други видови на прекршоци.

- Advertisement -
Ad image

На 20.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 20 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 38 други видови на прекршоци, од кои, 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило возило, 2 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство, 2 за користење мобилен телефон и 24 за непрописно паркирање.

На 20.03.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(60) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Љ.(59) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Ф.М.Љ.(33) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.03.2023 во 14.55 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(42) од Скопје пријавила дека на трим-патека на Водно бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

На 20.03.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.У.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска“ бил каснат од куче скитник.

На 20.03.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.А.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article