More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 20 Март, 2024

    spot_img

    На 19.03.2024 во 12.40 часот во с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода А.Т.(23) од с.Ерџелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, други предмети со остатоци од марихуана и кутија со пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 19.03.2024 во 22.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов” во Куманово  одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 19.03.2024 во 14,20 часот, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, со судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на Ѓ.Н.(29) во с.Панчарево, пехчевско. При претресот, бил пронајден и одземен револвер. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 19.03.2024 во 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.03.2024 во 16.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење…

    Во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) во периодот од 08.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 149 пешаци од кои, 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 106 други видови на сообраќајни прекршоци.

    На 19.03.2024 во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес, удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

    На 19.03.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Центар, Б.Л.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 19.03.2024 во 13.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.С.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 19.03.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Н.В.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Цетинска“ бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img