More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 19 Октомври, 2023

    spot_img

    Денеска (19.10.2023) околу 02.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Е.З.(26) од Кичево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода  А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени  еден пиштол со  калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 18.10.2023 во 19.50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 18.10.2023 во 22.00 часот на магистралниот пат Кичево –Охрид, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Р.А.(24) и Е.В.(23),  двајцата од Кичево. При преглед во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал Р.А., а сопатник бил Е.В., биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 18.10.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 18.10.2023 во 21.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(48) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашката материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 199 пешаци. За време на контролата санкционирани се и 126 други видови на прекршоци.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 мерки за користење на мобилен телефон при управување возило…     

     Во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 71 возачи, меѓу кои 16 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 22 мерки за непрописно паркирање, 31 санкција за прекршоци што ги прават пешаците …

     На 18.10.2023 вo 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило, С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила собраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 

     На 18.10.2023 во 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.С.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Патрис Лулумба“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

     На 18.10.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ј.К.(36) од Скопје пријавил дека на бул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 18.10.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(41) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img