На 13.02.2023 во 14.40 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од станбена зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата. Поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.02.2023 околу 23.00 часот во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот М.А. од село Доброште. При контрола било констатирано дека патничкото возило „фолксваген туарег“ го управувал со регистарски таблички од друго возило. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок поради сомнение за „фалсификување исправа“ согласно член 378 од Кривичниот законик.
На 13.02.2023 во населба Карпош во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(20) од САД, со привремен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 13.02.2023 во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(28) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.02.2023 во 21.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.02.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Л.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 258 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
На 13.02.2023, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе контроли во сообраќајот, при што биле санкционирани 20 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина. На возачите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби и други мерки.
На 13.02.2023 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.О.(21) од с.Долно Строгомиште, кичевско и автобус „ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(56) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата, возачот од возилото се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на автобусот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
На 13.02.2023 во 07.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.
На 13.02.2023 во 21.00 часот во СВР Тетово, 65-годишната тетовка М.А. пријавила дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово била касната од куче скитник.
На 13.02.2022 во СВР Битола, М.Л.(45) од с.Могила, битолско, пријавила дека во Градскиот парк во близина на спортската сала во Битола била касната од куче скитник.
На 13.02.2023 во ОВР Ресен, С.С.(42) од с.Јанковец, ресенско, пријави дека на ул.„Гоце Делчев“ во Ресен бил каснат од куче скитник.
На 13.02.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, К.Н.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ бил каснат од куче скитник.