На 12.09.2024 во 17.15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино, поради основно сомнение дека е извршител на неколку кражби и тешки кражби во тетовското подрачје, пријавени во текот на минатиот и овој месец, при што биле украдени електрични тротинети, велосипеди и други предмети. При преглед кај него бил пронајден и одземен остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово. Тој се сомничи дека на 08.08.2024 во Куманово извршил кражба од патничко моторно возило, од каде одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.09.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ц.(41) од село Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2024 во 21.50 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2024 во 23.00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево ги лишиле од слобода Д.М.(40) и А.С.(41), двајцата од Кичево, затоа што при преглед кај нив, кај А.С. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
На 12.09.2024 во 20.20 часот во Тетово, во близина на поранешна фабрика, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2024 во 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и товарно возило влекач „сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во несреќата, од здобиените повреди возачот Б.Х. починал на местото на настанот, додека сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар, каде подоцна починал. Возачот на товарното возило влекач се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба во 21.55 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода возачот А.Т.(60) од Косово. Тој е задржан во полициска станица и во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка и ќе биде изведен пред надлежен суд.
На 12.09.2024 во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп. Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 12.09.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.В.(38), удрило во С.К.(19), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.09.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, В.Б.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 12.09.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, И.Т.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 12.09.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Карпош, В.А.(85) од Скопје пријавил дека на ул.„Дамаска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.