МВР-Извадок на дел од дневните настани 13 Февруари, 2023

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.М.(35) и Г.Н.(36), двајцата од Кавадарци. Околу 19.10 часот бил забележан Г.Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М.М. и како разменуваат нешто, а откако излегол од дворот, на улица „7 Септември“ бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени. Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 18.05.2023 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 На 18.05.2023 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ќ.(25) и Е.Ќ.(28), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на подрачјето на Кичево биле инволвирани во одземање на возило, казниво по член 242 од Кривичниот законик и во други тешки кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот на 13.05.2023, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него. ОВККИПС, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.  

 На 18.05.2023 околу 22.00 часот,  полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 23-годишниот З.Х. од гостиварско Дебреше. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.  

 На 18.05.2023 часот пред угостителски објект на брана „Градче“, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле слобода Д.П.(19) од Кочани и А.Ц.(19) од Злетово, затоа што при преглед кај нив, кај Д.П. била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 Во текот на вчерашниот ден (18.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.  

 Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување. Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…  

 Вчера (18.05.2023), во периодот од 14.00 до 20.00 часот, на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 77 возачи од кои (17 – Прилеп, 27 – Битола, 9 – Ресен и 24 – Македонски Брод). Од вкупно 77 возачи, 39 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.  

 На 18.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 2 во населено место и 11 надвор од населено место. Санкционирани биле и 10 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник,  1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за нерегистрирано возило, 2 за недавање првенство на минување на пешаци и 1 за некористење сигурносен појас.  

 Во текот на изминатата вечер (18/19.05.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на град Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 алкохолизирани возачи, кои се веднаш исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.  

 На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“,  И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х., сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.  

 На 18.05.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Т.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Жегљане“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.  

 На 19.05.2023 во 01.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Душан Тасковиќ“ бил каснат од куче  скитник.  

TAGGED:
Share This Article