More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 12 Декември, 2023

    spot_img

    На 11.12.2023 околу 24.00 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, С.Р.(26) од село Корешница, демиркаписко, М.Ч.(25) од Неготино и М.А.(33) од село Корешница. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски таблички, управувано од М.Ч., а сопатници биле останатите лица, полициски службеници го забележале А.Ј. при обид во возилото да сокрие пакување со марухуана, која била пронајдена и одземена. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 242 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 30 меркa за некористење на сигурносен појас, три санкции за управување под дејство на алкохол…

    Во текот на вчерашниот ден (11.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 155 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

    На 11.12.2023 во 15.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со албански национални ознаки, управувано од Д.Г.(45) од Република Албанија и велосипед управуван од Ц.К.(74) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    На 11.12.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Б.(34) од с.Црешево, скопско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

    На 11.12.2023 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Р.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари“ била касната од куче скитник.

    На 11.12.2023 во 11.10 часот во Полициската станица Чаир, А.С.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img