Денеска (12.12.2024) во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција. При преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак. Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.12.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 11.12.2024 во 15.35 часот во с.Горно Орашје, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Џ.А.(62) од селото, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.12.2024 во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.О.(23) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.12.2024 во 23.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле И.Р.(22) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа. Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30.10.2024 година од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор при општина Охрид, кога е донесено решение за отстранување на градбата.
На 11.12.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Д.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.12.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Г.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.