МВР – Извадок на дел од дневните настани, 11.06.2024 година

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици. Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.24), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64) од Кавадарци поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик. На 14.09.2024, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на 54-годишната Л.Р. од Кавадарци. Притоа, во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми. З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши. Имено, тие се сретнале на 13.09.2024 во вечерните часови се сретнале, при што му рекол да оди на тој лозов насад и да го обере грозјето.

На 05.11.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.Т.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ѓ.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 02.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ф.(21) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Р.А. од Велес, кој бил баран со наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 05.11.2024 во 16.40 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.Ф.(30) од Копаница, скопско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека возачката дозвола што ја дал на увид била фалсификувана. По насока на Јавен обвинител, возачката дозвола му е одземена, а тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.

На 05.11.2024 во 07.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(51) од Скопје и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Љ.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

- Advertisement -
Ad image

На 05.11.2024 во 08.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај место викано „Тузлучка маала“ кај с.Бигла, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(25) од с.Бигла, делчевско и патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Л. (73) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Л., а со телесни повреди се здобила Н.И., констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 05.11.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Драчево, Б.С.(36) од с.Рамни Габер, општина Студеничани, пријавил дека на ул.„Студеничанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 05.11.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, Д.П.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article