Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско и малолетник од с.Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”. По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање.
На 06.09.2023 околу 10.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода 18-годишниот Ј.М и 23-годишниот А.Д, двајцата од ова село. Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток…Тие се осомничени и за кражбата извршена на 04.09.2023, при што од штала сопственост на 49-годишниот А.А. од гостиварски Градец одзеле 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Денеска (07.09.2023) околу 05.30 часот во Скопје, во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје. Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола. Тие биле затекнати со возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница. Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 06.09.2023 во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес. При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник. Лицето било приведено во полициска станица и за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.
На 06.09.2023 во 13.40 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.09.2023 во 03.20 часот во Градски парк на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Д.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.09.2023 во 13.30 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.09.2023 околу 22.30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(24) и Ќ.А.(23) од гостиварско Падалиште, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 07.09.2023 околу 01.25 часот на крстосница на улица „Илинденска“ со улица „172“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од тетовско Желино, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По документирање на случајот против него ќе следуваат поднесоци.
На 06.09.2023 во 09.40 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода А.И.(26) од Косово, затоа што при пасошка контрола и увид на документите било констатирано дека косовската возачка дозвола на негово име била фалсификувана. Лицето било предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и му била поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас…
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 88 возачи, меѓу кои 24 мерки за возење повеќе од дозволената брзина (12 во населено место и 12 надвор од населено место), 21 мерка за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, две санкции за управување под дејство на алкохол….
На 06.09.2023 од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола во која биле откриени и санкционирани 14 возила (ТЕ-10 и ГВ-4) кои имале неисправни сопирачки, 2 возила (ТЕ) со неисправни системи, 1 (ТЕ) со неисправни светлосни уреди и 1 возило (ТЕ) со истечена регистрација. Покрај ова, санкционирани се и 2 лица (ТЕ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 4 непрописно паркирани возила (ТЕ), кои набргу биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци, додека технички неисправните и оние возила кои ги управувале возачи без возачи дозволи веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, откриени и санкционирани биле и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-2).
На 06.09.2023 околу 07.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атар на с.Шлегово, кратовско, трактор „имт“ без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(68) од с.Шлегово излетал од патот. На местото на несреќата возачот А.Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Кратово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
На 06.09.2023 околу 11.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К.(67) од Велес, удрило во Т.Ч.(60) од Велес. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.
На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од Охрид, излетало од патот. Притоа, возачот и сопатникот Е.Л.(19) од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.
На 06.09.2023 во 16.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Б.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Пушкинова“ била касната од куче скитник.
На 06.09.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, Ф.С.(64) од Скопје пријавила дека во населба Влае во Скопје била касната од куче скитник.