На 13.06.2023 во 23.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(18) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.06.2023 околу 04.15 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.
Денеска (14.06.2023) во 00.30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница. Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (14.06.2023) околу 01.20 часот на улица „133“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Б.Е. поради сомнение дека претходно извршил кражба во стан во Тетово. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.06.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(39) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Вчера (13.06.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 40 возачи . Од вкупно 40 возачи ,25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 13.06.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, дали и колку ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 16 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-5). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитни шлемови, односно кациги (ТЕ-8 и ГВ-5). Двајца не поседувале возачки дозволи, а еден имал истечена осигурителна полиса. На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, кои зависно од прекршокот се движат од 50 евра за неносење заштитна кацига, 200 евра за истечена полиса до 250 евра во денарска противвредност за управување без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа.
На 13.06.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(68) од Струмица и мотоцикл „томос“ со струмички регистерски ознаки, управуван од П.П.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 13.06.2023 во 12.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
На 13.06.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на кружна крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Маркс Енгелс“, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
На 13.06.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со А.Н.(50) од с.Велешта, струшко, затоа што, како што е пријавено, околу 12.15 часот во близина на спортска сала на улица „Боро Хаџиески“ во Струга го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.(45) од с.Лабуништа, струшко. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.
На 13.06.2023 во ОВР Прилеп, Д.Д.(50) од Прилеп пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп бил каснат од куче скитник.
На 13.06.2023 во 11.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Т.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Франк Харкорт Манинг“ неговaтa малолетнa ќерка била касната од куче скитник.