Денеска (09.09.2024) во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот. С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Денеска (09.09.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Л.(43) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Л.В.(20) од Скопје, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(29) од с.Визбегово, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.09.2024) во 04.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(19) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.09.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Љ.(38) од с.Грчец, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 22.30 часот во с. Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од с.Крушопек, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка со три куршми и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода У.К.(21), Б.Ц.(21) и Ј.У.(30) сите од Р.Турција, а со престој во Скопје, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.А.(19) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле С.С.(41) од Р.Турција поради тоа што при извршена контрола констатирано било дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
На 08.09.2024 во 20.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“ во Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Виница и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
На 08.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје Н.Е. (29) од Скопје управувајќи мопед „томос“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.
Денеска (09.09.2024) во 00.40 часот во Полициската станица Аеродром С.Ш.(57) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 08.09.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Т.К.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 08.09.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Аеродром В.Д.(59) од Скопје пријавила дека на бул.„Србија“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.09.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош С.Н.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Шекспирова“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.